Стефан АНДОНОВСКИ

Генералниот секретаријат на Владата, на помалку од три месеци пред избори врши анкетирање за повеќе од 100 000 ЕВРА ваши пари. 100 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АНКЕТИ!

Владата на Заев избра анкетна компанија која врши серија истражувања на мислењето на граѓаните за “квалитетот на владините политики”. Почнаа во јули и траат до декември. Освен национални имаат и помали (се знае за ОПШТИНИТЕ).
Компанијата која си ја избра Заев ќе дава онакви податоци какви што му се потребни на СДСМ пред изборите во октомври.

Оваа компанија ќе треба да ја лаже македонската јавност дека СДСМ победува во општините, иако поразот за СДСМ е очигледен.

Без да ги видам анкетите веќе знам дека СДСМ ќе води со по 3, 4, а можеби и 10% поени разлика.
Како и кај повеќето јавни набавки кои ги спроведува власта на Заев, и оваа е скандал!

1. Тендерската документација се менува во тек на постапка, за да исклучи двајца оценувачи од комисиите, да го продолжи рокот за аплицирање и да го олесни аплицирањето.

2. На тендерот победува убедливо НАЈСКАПАТА анкетарска куќа со НАЈСКАПА понуда. НИКОЈ не знае како баш таа компанија добила најмногу поени за квалитет, кога сите компании би требало да работат по исти меѓународни статистички стандарди

3. Се работи за компанија која очигледно и станува омилена на СДСМ кога станува збор за штелувањето на анкети и објавување лажни податоци. Истата анкетарска куќа лани во март и даде предност на СДСМ пред ВМРО-ДПМНЕ со повеќе од 3%, комплетно погрешувајќи го исходот.

4. Генералниот секретар го криеше договорот за анкетирање повеќе од 2 месеца од затворањето на постапката.
Кои се оцените за квалитет според кои Владата на Заев ја одбрал УБЕДЛИВО НАЈСКАПАТА компанија за да си нарачува анкети пред локалните избори?
Најмалку што може е да се ангажира ДКСК да провери како се врши поткуп и на овие агенции, исто како на НВО, медиуми и граѓани!