Стефан АНДОНОВСКИ

На идејата на Макрон за Западен Балкан надвор од ЕУ, Владата и Османи „скокнаа“ со поздрави велејќи дека тоа одлична можност за обединување на земјите кои не успеале да влезат во блокот или не сакале, со оглед на новата геополитичка ситуација.
Тоа што владините перјаници не го забележуваат е дека ова е втор сериозен обид за блокирање на македонските евроинтеграции. Првиот пат, Македонија остана во пакет со Албанија, надвор од било какви преговори. Изгубивме две полни години. Џабе беа ветувањата за датумот. Ако помине и овој нов предлог, има сериозна опасност Македонија ќе биде во истата „кошница“ со Молдавија, Грузија и Украина. Смрзнати односи НАДВОР од семејството.
Но, тоа е и проблемот! Некадарност, непрофесионалност. Надворешните работи на Македонија ги водат луѓе кои повеќе се грижат за личната кариера, немајќи време да прочитаат нешто повеќе од дневниот брифинг.
Ние дадовме многу. И затоа, не смее да има алтернатива на членството во ЕУ. Тоа не го ветуваа кога не убедуваа дека името е влезниот билет за европско здравство, образование…