Анџелина Џоли и Бред Пит вчера беа фотографирани во Лос Анџелес за првпат по нивното одвојување во септември 2016 година. По многу несогласување тие конечно постигнаа вонсудска спогодба за децата, но тие се уште утврдуваат други детали за разводот.
View this post on Instagram
More new photos of Brangelina❤️ (Jan.25, Jan.30) #alwaysloveyou #prayforlove #brangelina
И покрај разводот, тие остануваат деловни партнери. Познатата двојка Бред Пит и Анџелина Џоли купија винарница во 2012 година, а една година подоцна го произведоа своето прво вино „миравал розе”. По разводот се шпекулираше дека поранешните брачни другари ќе го продадат имотот. Меѓутоа, како што пишува британски „Метро“, тие во март планираат да го лансираат својот втор „миравал розе” под името „студио“ во чест на музичката историја на нивниот имот.
Бред и Анџелина имаат шест деца – Пакс (17), Медокс (14), Захар (13), Шајло (12) и десетгодишните близнаци Нокс и Вивијан.