Турската телевизија ТРТ Хабер објави видео од местото каде што беа пронајдени три германски подморници.

Подморниците беа пронајдени на дното на Црното Море.

Една подморница била забележана во близина на градот Агва Меркез, додека другите две биле пронајдени во близина на Истанбул.

Турската телевизија потсетува дека германските подморници биле потопени во 1944 година во близина на турскиот брег.

Овие бродови биле наречени „изгубена флота”, бидејќи никој досега не можел да утврди каде се наоѓале остатоците.