Сметам дека треба да бидам награден зашто вчера го спасив Кочани, изјави денеска директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Тој рече дека денес било одлучено дека нема потеба од прогласување на кризна состојба на дел од територијата на Македонија, но сепак „будно се следи ситуацијата“.

Оваа одлука, како што рече Ангелов, се должи поради тоа што „претседателот Стево Пендаровски даде наредба за употреба на копнени сили на Армијата, а исто така каналите за добивање меѓународна помош се отворени“.

-Вчера се појавија дезинформации дека вчерашниот пожар во Кочани траел 5-6 денови и не бил изгасен. Тоа е ноторна лага. Вчерашниот пожар беше сосема нов, на нова локација и се случил најверојатно поради спојување на жици од бандери или далноводи, но тоа МВР треба да ја спроведе истрагата и да соопшти. Сметам дека треба да бидам награден зашто го спасив Кочани, објасни Ангелов.