Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов го честита Илинден и упати апел до граѓаните на Република Македонија да внимаваат да не ја запалат нашата преубава татковина.
-На денешен ден 1903 година македонските револуционери го запалиле Балканот создавајќи ја Крушевската Република. 120 години подоцна, ние Македонците, заедно со сите останати македонски граѓани, должни сме да внимаваме да не ја запалиме нашата преубава татковина, Македонија. Политичарите – државнички, граѓаните – граѓански. Затоа! Не палете оган, не правете скара и не фрлајте отпушоци низ преубавите македонски ливади и шуми! Да не дозволиме да изгори ниту парче македонска земја! Но, доколку забележите чад или оган на отворен простор, веднаш пријавете на 112! Вечна да е! Македонија. Честит Илинден, пишува Ангелов на свокот профил на Фејсбук.