По избувнувување на пожарот кој води кон ГП Блаце има индиции дека е подметнат.
-Веднаш по настанување на пожарот се упатив на лице-место и самиот можев да видам дека линијата на огнот е многу широка како за пожар кој би настанал од фрлен отпушок. Денес додека пожарникарите работеа на негово догаснување, бидејќи овој пожар е под целосна контрола, наидоа на неколку места каде имаше дрвени палети прелиени со бензин и фрлени во смреки. Некој намерно утрово се обидуваше да го реактивира овој пожар, истакна Ангелов.
Ангелов испрати апел до сите граѓани доколку забежат сомнителни ситуации веднаш истите да ги пријават
Исто така Ангелов рече дека не е точна веста дека некои манастири и цркви биле во опасност, исто така и дезинформација е дека изгореле три куќи од село Чучер Сандево.
Два полициски хеликоптери од разно изутрина го гасат пожарот
Два полициски хеликоптери, денеска од утринските часови, интензивно го гасат пожарот кај Чучер-Сандево.
-Денеска, од самите утрински часови, два хеликоптери од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, Бел 412 и Агуста бел 212 интензивно учествуваат гасење на пожарот кај Чучер- Сандево, соопшти МВР.
Досега, како штп посочуваат од МВР, се исфрлени преку 70 тони вода.
Базените на Црвениот крст ставени на располагање за хеликоптерска интервенција
Волонтерите на Црвениот крст и денеска се активно ангажирани на терен, обезбедувајќи поддршка во справувањето со пожарот кој беснее во регионот.
-Со несебична посветеност, тие учествуваат во логистичка поддршка и асистенција на службите за заштита и спасување. Нашите базени се ставени на располагање за полнење со вода на хеликоптерите, што значително го забрзува процесот на гасење и овозможува навремена интервенција во најпогодените подрачја, се наведува во соопштението од Црвениот крст.
Оттаму посочуваат дека Црвениот крст е целосно мобилизиран и подготвен да одговори со дополнителна помош и ресурси, доколку е потребно.
Фото: Црвен крст
Фото: МИА архива