Иако односот на Бугарија кон Македонија и Македонците е исклучително нечесен и провокативен, во име на евроинтеграцијата и надминување на условениот почеток на преговорите за членство во ЕУ, Достоинство ќе даде поддршка за влез на Бугарите во македонскиот Устав.
Ова го изјави Стојанче Ангелов, кој денеска на 4-тиот конгрес на Достоинство беше повторно избран за претседател на партијата која е коалиционен партнер на власта.
Единствен кандидат за претседател беше Ангелов кој едногласно беше и реизбран да ја води партија и во следните 4 години.
За Генерален секретар беше реизбран исто така досегашниот генерален секретар Драган Василевски.