Порака на Горан Ангелов, осуден на 12 години затвор за „27 април“, испратена до неговиот пријател Ване.
Пораката ви ја пренесуваме во целост:
Ване,
Ладна оваа ќелијава, влага, сонце не ја фаќа.
17 месеци сум во неа но без грижи, не ме кршат, а не дека не се обидоа. Од стара мајка Македонка сум, ќе помине,ќе издржам и знаеш што?Не сум злопамтило, но ништо не заборавам.Имам книги, читам,наместо времето мене јас него го “тепам”.
Не ми се легнуе навечер, мака ми е, ги мислам оние пилцине дома, и жена ми, да бе таа што трпи се заради мене, заради мене што си ја сакам Македонија.Знам што ќе ми кажеш и во право си, зборевме и требаше така, по нашки ама тоа е,времето не можеме да го вратиме.
Добри се и браќава, да ти кажам дури некако и горди сме, горди што знаеме дека на правдина не осудија, дека за татковината, за мајка Македонија сме затворени.
Брату, едно ќе ти кажам,сакате да сме заедно?Бидете сложни, бидете истрајни и обединете се под бајракот, под бајракот кој ВМРО-ДПМНЕ го вее.Само така и никако поинаку ке не огрее сонце, ке си ги гушнеме најмилите, ќе им се радуваме на пилцине наши, само така ке излеземе од оваа влага. Немој да мислиш дека се жалам, НЕ,мислите ми се кон вас,а јас поминав многу,ќе го поминам и ова. Бидете сложни,не дозволувајте да ве раскараа, да си испоизвадите очи.
Ване, се ќе помине, и ние и тие, но едно, додека постои светов и векот ке живее,
МАКЕДОНИЈА.
#ЕДЕНЕБРАТОТ
ГОРАН❤️