Одговарајќи на новинарско прашање за колку тоа ќе се намали БДП, Ангеловска посочи на проекциите на Министерството за финансии.
-Ние солидно ја започнавме годината во првите два месеца, бидејќи ефектите од ударот на кризата веќе се почувствуваа во месец март, овие позитивни движења ќе се неутрализираат со ударот од март, но сепак очекуваме раст на економската активност. Најголемиот удар се очекува во вториот квартал. Предвидуваме во вториот квартал најголема контракција во економијата со износи од околу 15 проценти, благо опоравување во третиот квартал и позитивен раст во четвртиот квартал, рече, меѓу другото, Ангеловска.
Министерката за финансии кажа дека Владата треба да ја донесе одлуката за изедначување на цените на нафтените деривати. Според анализите на Министерството за финансии, како што објасни Ангеловска, тоа треба да се случи, имајќи ги предвид тековните слуќувања со цената на нафтата.
-Минатата недела имавме состанок и презентирање на начелните фискални ефекти и анализи, земајќи ги предвид сите ефекти и фактори, а на состанокот беа вклучени и стопанските комори, дел од претставниците на транспортните компании и Регулаторната комисија за енергетика. Анализите кои ги правиме се во насока, и пред се, бидејќи сметаме дека има економска логика и разумност бидејќи се создадени предуслови за носење на ваква одлука, рече миистерката.
Акцизите се навистина значаен приход во Буџетот, потенцира таа.
-Кај нас цената на нафтените деривати е значително пониска од сите земји во регионот, акцизата исто така е значително пониска, и не разговараме за трајно зголемување, туку за антикризна мерка, која значи за доброто на сите. Во вакви услови при вакви падови на цената на нафтата имаме можност да ја надополниме дупката во буџетските приходи по основ на акцизата, рече Ангеловска додавајќи дека и екстралесната нафт е вклучена во анализите, кои не се насока за комплетно изедначување.