Страшо АНГЕЛОВСКИ
Со години наназад зборувам и пишувам дека процесот на глобализација, вака како што се одвива е, всушност, процес на зомбирање на човештвото. Глобализацијата нема ништо заедничко со ниту една идеологија, само што до скоро вешто се подзаскриваше во обландата на неолиберализмот, а своите монструозни методи на дејствување ги криеше како змијата нозете. Таа, едноставно, претставувајќи гола методологија за владеење со светот на глобално ниво, последниве години започна се’ поотворено, без срам и страв, да си го покажува вистинското лице. Лице на злосторство, алчност, лицемерие, двојни стандарди и опседнатост со власт и моќ.
За да ги оствари своите монструозни намери, естаблишментот (според речникот на македонски јазик: естаблишмент – влијателна и моќна група), во случајов, група од воено-индустрискиот комплекс и компании од силициумската долина, започна со зомбирање на човештвото. Се разбира, барем до скоро само политичко и социолошко, но, после појавата на корона вирусот не смее да се исклучи ниту идното физичко зомбирање на здравите човечки единки.
Овој монструозен процес се одвива во две насоки, или, на два начина.
Првиот, најавен уште во средината на минатиот век од канадскиот комуниколог Маршал Маклуан, со тезата дека “со развојот на глобалните комуникациски системи светот ќе стане глобално село“. Така, започна основната операција на наметнување на “реалноста на естаблишментот“ и подведување на сите поинакви мислења под “теорија на заговор“, кој термин за прв пат го употребија американските власти после атентатот врз Кенеди пред речиси 60 години.
Процесот започна со уништување или целосно маргинализирање на пишаните медиуми (весниците), како креатори на јавното мислење, за да продолжи со создавање на интернетот и социјалните мрежи, најавени како слободен простор за искажување најразлични мислења. Па, компаниите од силициумската долина, како дел од естаблишментот, ја започнаа трката за целосно “вмрежување“ на секој поединец во светот. И, види чудо, многумина, за прв пат ја почувствуваа моќта на слободниот збор, па, за разлика од весниците кои беа недостижни за нив, сега добија слобода, на своите профили, а вмрежени со уште милијарди луѓе на заедничка платформа, да објавуваат свои мисли, ставови, пораки… Одеднаш, ја почувствуваа можноста да бидат и новинари и политичари и идеолози и фудбалски селектори и гастрономски експерти и модни гуруа… Ја почувствуваа моќта на сопственото слободно изразување, но и моќта да примаат илјадници информации во минута токму преку тие и такви социјални мрежи.
И одеднаш, сите тие станаа жртви на “измамата на столетието“. Откако беа “вмрежени“ и откако социјалните мрежи ги прифатија како единствен извор на информации, чуварите на “реалноста на естаблишментот“, станаа контролори на нивните мисли, ставови и пораки. Социјалните мрежи отворено ја заиграа улогата наменета од естаблишментот – пласирање на нивната “вистина“ и блокирање на сите кои размислуваат поинаку. Со тоа го започнаа процесот на информатичко зомбирање на човештвото, кој, како во Орвеловата “1984“, треба да создаде немислечки и некритички суштества за кои единствена “вистина“ ќе биде онаа сервирана од “големиот брат“, а сите кои размислуваат поинаку, доколку бидат “уловени“, ќе бидат сурово казнети.
Така ќе ја објасниме целосната блокада на ставовите дури и на дотогаш се’ уште актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, но и застрашувачкиот предлог, новиот претседател Бајден да избере “цар на реалноста“, кој “би го надгледувал откривањето на дезинформации и теоретичари на заговор“. Со тоа, администрацијата на Бајден не само што не би ја вратила Америка во објективната реалност, туку би ги наведувала американските граѓани да ја прифатат “реалноста на естаблишментот“, онаква каква што ќе им биде сервирана.
Втората насока, за целосно зомбирање на едно човечко суштество е онаа за која упорно предупредував пред изборите во 2016-та, а преку уништување на децата, семејството и државата. Имено, преку воспитување на децата според ЛГБТ убедувањата, со погрешно сексуално воспитување уште од мали нозе, детската психа треба да биде уништена до степен да не прифаќа родова припадност и да не знае дали е машко или женско, туку суштество кое талка низ темнината спротивна на природната светлина на себесознанието. Така, денешните деца, утре возрасни луѓе, треба целосно да ја изгубат својата родова припадност.
Второ, преку легализирањето истополови бракови и можноста таквата брачна заедница да посвојува деца и, преку терминологијата родител 1 и родител 2 наместо татко и мајка, треба да биде уништено традиционалното семејство на еден маж и една жена, со пренесување на генот, презимето и припадноста кон едно генерациско стебло, како предуслов за здраво потомство. Со уништувањето на традиционалното семејство, на човекот му се брише и семејната припадност, како лоза што виреела и треба да вирее низ вековите.
Трето, со уништување на државата и националниот идентитет, како во случајот со Република Македонија, на човекот му се брише и националната припадност и, тој станува обична коса црта запишана во неговите документи.
Така, кога на еден човек ќе му биде избришана родовата, семејната и националната припадност, кога ќе му биде забранета сопственоста на мислење и став, а ќе мора да ја прифаќа само “вистината“ на “големиот брат“, тој станува обично зомби суштество кое ќе му припаѓа единствено на естаблишментот и на неговата реалност.
За жал, со воведувањето на новиот образовен систем, кроен според ЛГБТ “невладините“ мерки, а со бришење на предметот Историја и воведување предмет по “сексуално воспитување“; со легализацијата на истополовите бракови; и, со промена на името на државата и бришењето на идентитетот на македонскиот народ, Македонија станува првата зомби држава, а Македонецот првото зомби суштество на планетава.
Коментарите на социјалните мрежи од луѓе кои се потсмеваат со делото на еден Гоце Делчев; коментарите од луѓе кои се гордеат со новото име на државата и со избришаната национална припадност; коментарите на луѓе кои веќе се “наоѓаат“ во ЕУ, при и незапочнати разговори; коментарите на омраза кон се’ што е македонско, јасно говорат дека зомби суштествата се веќе овде, околу нас. Јасно говорат дека експериментот ги дава првите резултати.
И, не мислете си дека тие мора да изгледаат како чудовишта, како во хорор филмовите, ниту да имаат рогови за да ги препознаето, што би рекле нашите стари. Тие, едноставно, имаат зомбирани умови и, за жал, се повеќе ќе ги среќавате на улица, во канцеларија, во кафеана и насекаде околу вас. Тие се најмоќното орудие за “големиот ресет“ што ни го најавуваат. “Новата нормалност“ за ненормалните и “новата ненормалност“ за нормалните.
Ова ќе биде можеби најголемото искушение пред кое е исправено човештвото во своето постоење, а битката против ова зло ќе биде исклучително тешка. Таа битка ќе треба најпрво да ја добие секој во себе, во својот ум, а потоа , обединети околу природното и божјото, да го сопреме монструозниот процес на уништување на човештвото.
За крај, можеби ќе ви звучи чудно, но, да влеземе малку во “сивата зона“ и да кажеме дека американскиот Пентагон, во 2011-та го претстави својот план за борба против зомби суштествата, познат како CONPLAN, или CONOP8888. Коинциденција, или…
(авторот е претседател на МААК)