Околу 16:45 часот на автопатот Скопје-Тетовоо автобус на „Дурмо транс“ кој се движел кон Тетово излетал од патот преку другата коловозна лента и се превртел. За жал имаме бројка од 13 починати луѓе и 30 повредени. Увидот е во тек, јавен обвинител е на лице место, екипи на МВР, изјави вечерва портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, кој додаде дека на местото на несреќата претходно бил и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Истакна дека подетални информации за сообраќајната несреќа ќе бидат соопштени подоцна.
-Со возачот е разговарано и тој е моментално во болница и нели од тоа што е разговарано со него ќе помогне на утврдување на причините на несреќата, додаде тој.
Во моментот кога се превртел авобусот немало друго возило, рече Ангеловски.