Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев вели дека е релаксиран кога станува збор за најавената „метла“ од страна на премиерот Зоран Заев и оти тоа прашање е единствено во ингеренции на самиот премиер.

– Мислам дека тоа прашање е во ингеренции на премиерот и не би си земал слобода да го дискутирам. Несериозно е од кој било друг да дава одговор на тоа прашање. Чест е да се биде дел од Владата, но исто така е и напор. Јас можам слободно да ви кажам дека сите тие кои заземаат државни функции треба да бидат свесни дека еден ден ќе ги напуштат, а и добро е да ги напуштат бидејќи не е така лесно да се биде во Влада. Јас комплетно сум релаксиран од тоа прашање и тоа е клучиво во ингеренциите на премиерот, рече на новинарско прашање вицепремиерот Анѓушев кој денеска имаше обраќање на регионална конференција за факторинг како алтернативен на финансирање на малите бизниси.