Вицепремиерот за еконосмки прашања Кочо Анѓушев на денешната прес конференција истакна дека државата води грижа за спречување на африканската чума, која се појави во соседна Бугарија и дека Владата ќе преземе радикални мерки да се справи со оваа болест.
– Апелираме до ловните друштва да извршат отстрел на 50 отсто од дивите свињи низ Македонија. Доколку тие не можат тоа да го сторат, тогаш ќе ја активираме Армијата на Македонија за такви мерки. Свињите кои се хранат на депониите ќе бидат отстранети и мора да ги примениме овие радикални мерки. Ловните друштва знаат најдобро како да се справат со овој проблем и мора да спречиме болеста да премине на нашата територија, истакна Анѓушев.