Веднаш по завршување на натпреварот меѓу Англија и Данска во кој Англичаните победија со 2:1 по продолженија и досуден пенал за нив, Рахем Стерлинг, играчот врз кој беше направен пеналот, изјави:
-Беше пенал. Данецот ја закачи мојата десна нога, се беше чисто.
Но, Рој Кин, легендата на Манчестер Јунајтед, тврди:
-Мислам дека не беше пенал. Знаевме дека ВАР ќе ја потврди одлуката на главниот судија… Стерлинг е сјаен… но пеналот е многу спорен.
И уште една англиска фудбалска легенда, Гари Невил, размислува слично:
-Ако сме чесни, ние да изгубевме по така досуден пенал, ќе бевме скршени. Но, судиите во ВАР собата настојуваат да не ја менуваат одлуката на главниот судија.
И англискиот Дејли Меил, пренесувајќи ја еуфоријата што завладеа во Англија во победата и влезот во финалето, сепак не пропушта да пренесе дека дури и англиските навивачи признаваат дека пенал над Стерлинг немало.
„Конечно, еднаш и ние да имаме среќа. Англиските навивачи реагираат со олеснување признавајќи дека победничкиот пенал на Хари Кејн не требало да биде досуден… откако повторувањата на снимката покажуваат мошне мал контакт врз Стерлинг пред да падне“, пишува Дејли Меил.
Од англиските рекации, да се спуштиме во Хрватска и да ги видиме тамошните погледи за пеналот врз Стерлинг. Хрватскиот судија, Марио Страхоња, кој за ХТВ го коментирал мечот, во врска со пеналот, по преносот истакнал:
„Тажен сум и емотивно потрошен. Ова што се случи вечерва е неприфатливо и скандалозно. Да се досуди таков пенал, надвор од контекстот и ритамот на натпреварот, кога контакт речиси и нема, за мене е апсолутно неприфатливо и од судијата и од ВАР собата“, рекол Страхоња и додал:
„Овде, драги мои, нема контакт и ако веќе судијата наседнал на падот на Стерлинг, ВАР собата морала да му јави да ја смени одлуката. Па, ова е полуфинале и да се досуди ваков пенал е скандалозно. Тој ја донесе одлуката во истата секунда… Но тие во ВАР собата што гледаа? Ако за нив ова е пенал, тие луѓе не би смееле веќе никогаш да влезат во таа соба“.
Роберт Просинечки, еден од најдобрите југословенски и хрватски фудбалери, го дели негово мислење:
„Ма каков пенал, судијата погреши…“, рекол Просинечки, а спортскиот новинар Антон Самовојска, роден 1951 годин кој со спортско новинарство се занинимава од 1977 година, кратко додал: