Мечот меѓу Хрватска и Англија, кој се игра во среда и кој ќе реши кој ќе игра во големото финале на СП во фудбал во Русија, се анализира од многу аспекти, агли, поединечни дулеи, како се мотивираат играчите и како се гради стртаегијата…но денес хрватски Експрес открива како тренирале избраниците на Герет Саутгејт. Системот на тренинзи треба да гарантира нивна победа и кога се под најголем притисок и под секакви временски услови.
До ова превенство статистиката била апсолутно против Англија, барем што се однесува до изведувањето пенали. Само еднаш победиле на поголем меч кога се отишло на изведување пенали, а вкупно биле седум. Некој еднаш рекол оти „полесно ќе видите еднорог, отколку англиска победа на пенали“. И токму Саутгејт е типичен пример – го промаши последниот пенал во полуфиналето на Европското првенство против Германија. И тоа на Вембли.. Затоа, можеби, тој не ја дели филозфијата на Фернандо Иеро за кого „пеналите се лотарија“, токму после поразот на пенали од Русија.
Веројатно најинтересната приказна за подготовките на Англичаните е таа која се одвивала лани, кога репрезентативците отишле на полигонот на британската армија во Девон. Таму се наоѓа Центарот за обука на командосите на кралската ,моранарица.
Дури поминувале и низ еден полигон долг десет километри и тоа ноќе.
„Беше добро нашите играчи да сфатат дека претставувањето на нашата земја може да има и многу полоши последици од неуспехот. Момците во маринци се на слични години како нашите реппрезентативци“, рекол Саутгејт.