Целиот свет и фановите на Јувентус се уште се во исчекување  на финализацијата на трансферот на Кристијано Роналдо во „Старата дама“.

Последните информации кои доаѓаат од шпанските медиуми, поточно од радиото Кадена Копе, велат дека Португалецот имал телефонски разговор со тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.

Како што велат од шпанското радио, желбата на Јувентус е да го финализира трансферот во наредните седум дена.

Инаку, трансферот на Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус е главна тема веќе 10-тина дена во светските медиуми, трансфер кој дури успеа малку и во сенка да го стави Светското првенство.