Од Светската куќа на фудбалот (ФИФА) го одредија главниот судија за првиот полуфинален натпревар помеѓу Франција и Белгија кој се игра во вторник.

На овој натпревар правдата ќе ја дели Уругваецот Андрес Куња, а помошници ќе му бидат Николас Таран и Маурицио Еспиноза, исто така од Уругвај.