Здружението за заштита на животните Анима Мунди реагираат до Владата за воведениот полициски час и бараат да им се овозможи на лицата постари од 65 години да ги прошетаат надвор своите миленици за да извршат нужда и по 21 часот.

– Реагираме во врска со одлуката на Владата за воведување полициски час и воведената забрана за движење на лица постари од 65 години. Бараме да биде направена отстапка како што е дозволено во Италија и Бугарија, односно да биде дозволено шетање на кучето во близина на местото на живеење. Многу повозрасни граѓани кои неретко живеат сами, имаат миленици, кои поради извршување на физиолошки потреби мора да бидат прошетани неколку пати во текот на денот, не само наутро, а некогаш и подоцна од 21 часот, бараат од Анима Мунди.