Германската канцеларка Ангела Меркел застана во одбрана на својот наследник на функцијата претседател на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и можна наследничка, Анегрет Крамп-Каренбауер.
Таа во изминатите денови предизвика негативни реакции за јавното коментирање за активистите за интернет, додека германските граѓани изразуваат сериозно сомневање во нејзината способност да биде достоен наследник на канцеларката во заминување.
Според анкета на јавно мислење објавена синоќа, 70 отсто од германските граѓани, ја сметаат Крамп-Каренбауер неспособна за функцијата канцелар.
-Во сите мои години на политичка сцена, во многу прилики се сретнав со глупости. Никогаш не сум коментирала глупости, рече Ангела Меркел, одговарајќи на прашањето дали има вистини во објавите од медиуми дека се сомнева во способноста на својата „штитеничка“ Анегрет Крамп-Каренбауер да биде канцелар.
Крамп-Каренбауер предизвика изминатите денови огорчување на дел од јавноста со коментарите за онлајн активистите.
Демократската унија на ЦДУ / ЦСУ го постигна својот најлош резултат на изборите за Европскиот парламент – 28,1 отсто.
Поддршка за својата критика за интернет-активистите таа доби и од редовите на нејзината партија.