Водство на Данела Арсовска од 4,8 проценти пред Петре Шилегов покажуваат резултатите од вториот дел од спроведената анкета на Инситутот „АКСИОС“.
На анкетата 18,3 проценти од испитаните се изјасниле дека на локалните избори својот глас за градоаначалник на Град Скопје ќе го дадат за Данела Арсовска, независен кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.
За актуелниот градоначалник кој трча за втор мандат би гласале 13,5 проценти.
Резултатите од анкетата покажуваат водство на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и во Бутел, Штип, Велес и Велес. Во Струмица предноста ја има кандидатот на СДСМ.
Анкетата, информираат од Институтот „АКСИОС“ е спроведена во период од 24.09 до 28.09.2021 година на стратифициран примерок во секоја општина/Град Скопје засебно во однос на демографската средина и бројот на жители во општината/градот Скопје.