Според најновата анкета на ИПИС, спроведена пред вториот круг од локалните избори во Скопје, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, води со 31,2% поддршка, додека кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, има 16,6%.
Според истото истражување, 20,3% од анкетираните изјавиле дека не би гласале за ниту еден кандидат, а 31,9% се изјасниле како неодлучни или не сакаат да одговорат.
Резултатите покажуваат дека водството на Ѓорѓиевски е двојно поголемо пред неговиот против кандидат Мециновиќ.
Вториот круг од локалните избори ќе се одржи во недела на 2-ри ноември.




