Анкетата на ИПИС покажува дека ВМРО-ДПМНЕ во моментов има речиси 6,5 поени предност пред СДСМ. Ако следната недела има избори за ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат 22,1% од граѓаните а за СДСМ 15,7%. Останатите партии немаат некои значителни промени на рејтинзите.
Во ИПИС велат очекувале вакви резултати.
Анкетата на ИПИС е спроведена телефонски во периодот меѓу 4 и 6 јули врз репрезентативен примерок од 1114 испитаници.