Јуроп електс утрово објави најнова анкета за претседателските избори во земјава, пренесува ТВ Сител.
Според анкетата на прво место е кандидаткта на ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова која би освоила 36% од гласовите.
На второ место е Стево Пендаовски кој би освоил 29%, трет на листата е Таравари со 14%, зад него е Османи со поддршка од 10 % од избирачите.
Според анкетата Димитриевски би освоил 5% од гласовите, Ванковска 4% а Јакимовски 2%.
Во пресметаниот рејтинг во предвид не е земен ставот на близу 50 отсто од испитаниците кои рекле дека или не знаат или нема да гласаат на претстојните избори.
Анкетата за Јуроп електс ја направил Центарот за политички истражувања и комуникации, во периодот од 4 до 7 март годинава, на реперезентативен примерок од 1.085 испитаници.