Телевизија Алсат направи анкета со граѓаните кои беа за концертот по повод 21-годишнината од Рамковниот договор, за кој некои првпат слушаат, други сметаат дека е скапо задоволство за граѓани во сиромашна држава итн.

Прашањето до граѓаните за „журката на ДУИ“ на ТВ Алсат е: Знаете ли зошто вечерва беше организиран концертот?

„Не, не знам, дојдов од Тетово. Дојдов од Тетово кога слушнав дека има концерт и не знам за што се работи. Значи, не ни треба концерт, ни треба работа бе брат. Ова не ни треба за концерти, гледате и самите дека има големо поскапување, ова за мене е џабе трошење. 100.000 евра се доволни да се изгради училиште за да образува ученици, а каде се градинките, училиштата, џамиите, каде е сè друго? Има и такви кои немаат леб да јадат. За мене ова воопшто не вреди, не е разумно бидејќи има голема невработеност, а да се дадат 100.000 евра”, изјави еден граѓанин.

„Да ви кажам право, вечерва дојдов од странство, ми рекоа дека имало концерт и дојдов”, рече еден друг граѓанин.

„Јас сега полнам 20 години, брат. Добро, дали знаеш за што е потпишан Охридскиот договор? Не!”, додаде еден друг граѓанин.

„Не знам дали вреди или не, не знам кој плаќа, атмосферата е добра за иселениците, мислам дека не е грешка, но 100 илјади евра подобро да се инвестираа на друго место отколку овде“, рече еден граѓанин.

„Се организира за печалбарите дојдени од печалба! За што? Се организира поради 21-годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор… Аааа, ништо не е завршено, ништо не е направено 21 година. Дали е завршено нешто? Не! 100.000 евра вредат за нашата младина, зарем не вреди за Договорот, за доброто на младите, нека се забавуваат малку, нека го испуштат стресот од невидената невработеност, а утре пак ќе биде исто“, рече една граѓанка.

„Верувам дека е многу подобро отколку што беше, вроди со плод, особено за Албанците, почнувајќи од вработувањата, учеството на Албанците во институциите, раководењето со институциите и слично“, додаде друг граѓанин.

„100 илјади евра! Повеќе од 200 илјади“, рече еден граѓанин.

„Работата е катастрофа, за Македонците да, но за Албанците оди надолу“, изјави еден граѓанин.

„Има и нема, ситуацијата не е како што треба“, додаде друг граѓанин.

Извор: ТВ Алсат