Грчката конзервативна опозициска партија Нова демократија има убедливо водство пред владејачката левица, покажа последното истражување објавено во четвртокот. Истражувањето спроведено од Пулс за ТВ Скај, покажува дека Нова демократија би освоила 28.5 проценти од гласовите доколку избори би се одржале во моментов, додека СИРИЗА на премиерот Алексис Ципрас би добила 19 проценти.
Анкетата покажала дека се води мрта трка за трета партија по јачина – меѓу неофашистичка Златна зора, и новоформираната централно-левичарска алијанса Движење за промени кои би освоиле по 7 проценти. Стабилни 5.5 проценти имаат грчките комунисти од ККЕ.
Истражувањето открива дека во моментов најпопуларен политичар е лидерот на Нова демократија, Киријакос Мицотакис, кој ја има довербата од 32 проценти од гласачите, додека Ципрас заостанува со 22 проценти.
Парламентарните избори во Грција би требало да се одржат насен 2019 година.