Резултатите од најновата анкета на Њујорк тајмс и Колеџот Сијена покажуваат предност од два отсто за поранешниот американски претседател и републикански кандидат Доналд Трамп.
Според анкета за Трамп се изјасниле 48 отсто од испитаниците, додека демократската потпретседателка на САД, Камала Харис има поддршка од 46 проценти.
Анкетата е изработена на примерок од 1.142 регистрирани гласачи на национално ниво, со маргина на грешка од 3,3 процентни поени.
Претседателските избори во САД се одржуваат на 5 ноември.