Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп оваа година падна на најниско ниво откако во четвртокот
беше објавена редигирана верзија на извештајот на специјалниот обвинител Роберт Малер, во рамки на истрагата за руско мешање во изборите во САД во 2016 година.
Според анкетата на Институтот Ипсос и агенцијата Ројтерс, спроведена непосредно по објавувањето на извештајот, рејтингот на Трамп е намален – односно од четврток попладне до петок изутрина изгубил три отсто од довербата на гласачите и сега изнесува 37 проценти.
Рејтингот на американскиот претседател беше 43 отсто откако главниот обвинител Вилијам Бар минатиот месец објави резиме од извештајот на Малер. Според новата анкета, 50 отсто од испитаниците сметаат дека Трамп или некој од изборниот штаб соработувал со Русија за да влијае на резултатите од претседателските избори. Испитувањето на јавното мислење покажува дека 58 проценти од анкетираните се согласни дека тој се обидел да ја спречи истрагата за руското влијание на неговата администрација, 40 проценти веруваат дека Трамп треба да биде отстранет од функцијата, додека 42 отсто се против тоа.