Хакерскиот колектив Анонимус тврди дека ги хакирал преносите на руски државни телевизии, притоа емитувајќи снимки од руските воени дејствија во Украина и упатувајќи повици до рускиот народ да се спротистави на Владимир Путин.
Анонимусите објавија на Твитер упад во програмите на „Русија 24“, „Канал 1“ и „Москва 24“, како и на стриминг-сервисите „Винк“ и „Иви“.
Во друга објава групата соопшти дека спровела најголема операција што некогаш е видена, притоа негодувајќи што одредени влади тоа можат да го квалификуваат како закана и на тој начин активностите да бидат дискредитирани.
– Сетете се на нас кога ќе го свртиме вниманието на најразлични сили, бидејќи тоа ќе се случи. Ние можеме да го свртиме светот кон подобро. Тоа отсекогаш и била нашата идеја, објавуваат Анонимус.