САД ги откажаа разговорите со талибанците во Доха по забраната за средно и високо образование за девојчињата, пренесе АНСА, повикувајќи се на соопштение на американскиот Стејт департмент.
Шест земји побараа од талибанците да ја „преиспитаат“ својата одлука за затворање на колеџите и универзитетите за девојките.
Франција, Италија, Норвешка, САД, Канада и Британија, како и високиот претставник на ЕУ, предупредија дека одлуката „може да има последици што ќе им наштетат не само на девојчињата, туку и да ја поткопуваат амбицијата на Авганистан да стане почитувана членка на меѓународната заедница“.