Антигона Браздова на ФБ:
Извини Заеву, али ќе мрчам.
Колку што разбрав од текстов, граѓаните собираат сметки (не повисоки од 30.000 денари) и ги скенираат на апликацијата. Ок.
Мерката важи за сметките не постари од 10 дена. Ок.
Оние пак кои немаат паметни телефони и постарите лица кои имаат проблем со технологија скенирањето на сметките ќе можат да го прават во центрите на УЈП. Ок.
Не, не, чекај, озбилни сте?
Значи, некои наши сограѓани, кои немаат смартфони, а живеат во некое село што е на 30-40 км од канцеларијата на УЈП надлежна за тоа подрачје, ќе треба на 10 дена да доаѓаат во УЈП со сметките за да им ги скенираат вашите вработени? Трошоците за превоз ќе им бидат повисоки од повратот на ДДВ, бре, шарлатани едни. Поевтина варијанта е да си купат по еден гулаб и по гулаб во коверт да ги праќаат до прозорот на регионалната канцеларија на УЈП….
Инаку, поврат на ДДВ ќе може да остварат сите оние што се регистрирани на е-данок. Кога требаше да се регистрираме, првично рекоа сите, после рекоа дека не треба пензионерите. Значи пензионерите (вклучувајќи ги и тие без паметни телефони), треба да се регистрираат на е-данок (за што некои ќе треба да одат во УЈП) и после на 10 дена да се шетаат со сметките наваму натаму.
И за крај, верувале или не, парите од поврат на ДДВ, ќе може да ви ги земе извршител (доколку должите)…
Циркус Медрано може трици да јаде…вакви кловнови само во Македонија виреат
П.С. Едвај чекам да видам со што ќе се полни буџетот за да се врати ДДВ. И на кој начин за вратени 1000 денари, ќе ни земат 3000 повеќе од што беше до сега.