Јавното обвинителство кривично да го гони поранешниот ракоментен репрезентативец и актуелен директор на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски и членовите на централната комисија поради сомнежи за злоупотреба и непочитување на ваучер системот на финансирање фондации и спортски клубови, побара Антикорупциската комисија. Сомневањата на антикорупционерот Владимир Георгиев се дека во последните три години Агенцијата не изградила соодветни критериуми со кои ќе се обезбеди објетквино, пропорционално и праведно доделување на спортските ваучери. Според ДКСК годишно во спортот по разни основи се трошат повеќе од 16 милиони евра буџетски средства, меѓу кои и за ваучери. Но, и покрај укажувањата, Агенцијата не презела никакви мерки да го контролира трошењето на парите од страна на федерациите и спортските клубови, кои и онака не биле доволно отчетни, вели Георгиев.
„ Постојат сомнежи дека Централната комисија во континуитет од 2020 до сега вршеле законска распределба односно со доделување на ваучери на повластени корисници федерации и клубови согласно интересот на поединци групи или можеби политички партии и ги ставила во неповолна положба оние спортски субјекти кои не добиле соодветни средства иако тоа право законски им припаѓало, вели Владимир Георгиев, член на ДКСК.
ДКСК најави дека до Владата ќе достави и иницијатива за утврдување одговорност на овие лица, а до УЈП за извршување надзор на спортските субјекти како ги трошеле ваучерите.
-Овој систем во спортот не ги дава очекуваните резутати..Годишно по милијарда денари одат во споротот, не не одат таму каде што треба да стигнат односно до правите спортисти.- Билјана Ивановска – Претседателка на ДКСК.
Набрзо по информацијата на Антикорупциска, првиот човек на Македонскиот олимписки комтитет Даниел Димевски, во писмо до Владата и вицепремиерката Грковска побара разрешување на Мојсоски и централната комисија, како и стопирање на процесот на доделување на спортскиот ваучер додека не се направи тоа.
Канал 5 го контактираше директорот на Агенцијата Мојсоски, кој во телефонски разговор рече дека станува збор за фингиран случај, а својот став околу обвинувањата најави дека ќе го сподели на прес-конференција во понеделник.