Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) утврди дека нема повреда на одредбите од член 45 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси што пропишува ограничувања за вршење на дејност за време на вршење на функцијата по обвинението дека во својство на заменик минстер за финансии Димитар Ковачевски можел да влијае врз постапката на државна помош кон фирмата Пиксел гроуп основана од него и неговиот кум.
Комисијата на денешната 94 седница утврди дека фирмата аплицирала на отворен конкурс со исполнети услови и оти договорот за финансиска помош бил потпишан пред Ковачевски да биде избран за заменик министер за финансии.
-Според пријавата дека тој немал право да добива помош по член 52 односно се наведува дека лицата на функција и нивни блиски лица не треба да добиваат финансиска помош не го опфаќа, затоа што договорот бил склучен на 13. 08. 2020 година, додека тој станал заменик министер на 23.09.2020 година, а по однос на тоа тој на 29.09.2020 година по доаѓањето на функцијата заменик министер доставил барање за истапување од сопственоста на фирмата и во целост ја отстапува на неговиот кум, појасни членот на комисијата Шемши Салаи.