ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за предложените мерки од владата иако смета дека се задоцнети и недоволни, но од партијата најавуваат и дека ќе поднесат пет амандмани со четири суштински забелешки.
-Ние ќе гласаме за предложените мерки, иако сметаме дека се задоценти. Многу од мерките веќе беа предложени од опозицијата претходно уште пред дваестина дена, а на 28 февруари се поднесении како предлози во Собранието. Зошто Владата одбива да ги прифати прдлозите на опозицијата, не знам, но гледаме дека се она што ќе се одбие, по неколку дена се прифаќа. Арогантно не повикуваат да ги прифатиме мерките кои ние сме ги предложиле, изјави Бојан Стојановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ пред одржувањато на денешната собраниската седница.
Тој најави дека ќе поднесат пет амандмани со четири суштински забелешки за кои ќе се разговара на Комисијата за финансирање и буџет и се надеваат дека власта ќе ги прифати. Ќе побараат 50 проценти намалување на акцизата за бензинот и дизел горивата, 100 отсто намалување на акцизата за плинот и метанот, намалување на ДДВ за греењето од 5 на 0 проценти, намалување на ДДВ за енергенсите од узвоз од 18 на 5 проценти и тоа да трае до крајот на годинава.
За попладнево во 15 часот беше закажан седница на Собранието на која ќе се разгледуваат предлозите на Владата за измени на законите за акцизи и за ДДВ.
Според Владата, измените и дополнувањата треба да бидат донесени во итна собраниска постапка за да се обезбеди намалување на највисоките малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати.