Христијан МИЦКОСКИ

Денеска се навршуваат 79 години од депортацијата на Евреите од Македонија.
Фашистичката власт предводена од тогашниот бугарски окупатор направи чекор, без преседан, со кој илјадници животи на нашите сограѓани Евреи згаснаа.
Ваквата историја нè учи дека е потребно да се бориме за мир, разбирање и пријателство. Поуките од тогаш мора да бидат добар учебник за иднината.
Слава им!