„Вие после референдумот требаше да си заминете, да си поднесете оставки цела Влада, да го вратите мандатот, а не потоа педерски да го менувате името на државата. Требаше потоа да бидете во затвор, затоа што направивте кривично дело, односно дозволовите Грција да може да го употребува името Македонија за своја област, а граѓаните на Република Македонија не може да го користат тоа име. Требаше да одговорате за бришење на националниот идентитет“, рече денеска на собраниска говорница пратеникот на Левица Димитар Апасиев.
Ова всушност беше изречено како резултат на изјавата на Дамјан Манчевски од СДСМ кој рече дека ВМРО-ДПМНЕ загубила три избори по ред и дека раководството требало да си ди.