Жителите на дебарското село Гари се загрижени за пожарот кој беснее во нивна близина, на планината Стогово. Таму гори сува трева и според извештајот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) овој е еден од 12-те активни пожари во Македонија.
Според кажувањата на жителите, оганот од пожарот е на линијата од три километри до селото и се спушта надолу.
Апелираат што е можно поскоро да се испратат хеликоптери за гаснење на пожарот од воздух, за да не се случи најлошото, огнените јазици да се прошират и да ги зафатат куќите во селото Гари.
Повеќе фотографии на Република