На 16 овој месец околу 16:30 часот во кратовското село Филиповци, исчезна 36-годишната Маја Гичева, мајка на две малолетни деца.

Гичева излегла од дома додека нејзиниот сопруг бил на работа, а двете деца останале сами. Од тогаш и се губи секаква трага. Таа носела тренерки и влечки.

Семејството бара помош доколку некаде ја видите или имате било каква информациија да се јавите на 070/564-147 или во најблиската полициска станица.