Во Србија денеска се регистрирани 57 позитивни случаи на коронавирус, додека три лица починаа.
Од последниот извештај биле тестирани примероците на 7.261 лице или 0,78 отсто, а од почетокот на пандемијата се тестирани вкупно 876.929 лица.
На респиратори се моментално 44 пациенти, а досега се регистрирани вкупно 30.714 потврдени случаи на Ковид-19.