Aпостол Павле во Посланието до Римјаните, меѓудругото и за хомосексуализмот (1: 25-32):

25: Тие ја заменија вистината Божја со лага и му се поклонија и му служеа на созданието повеќе отколку на Создателот, Кој е благословен во сите векови. Амин!
26. Затоа Бог ги предаде на срамни страсти:: жените нивни природните потреби ги заменија со противприродни;
27. и мажите исто така; оставајќи го природното зближување со женскиот пол, се распалија со желби еден кон друг, и вршеа срамни работи мажи со мажи, добивајќи отплата каква што одговараше на нивната заблуда.
28. И бидејќи не се обидоа да Го имаат Бога во разумот свој, тоа Бог ги предаде на изопачен ум – да го прават она, што не прилега;
29. бидејќи исполнети со секаква неправда, блудство, лукавство, користољубивост, злоба; полни со завист, убиства, расправии, измами, лоши нарави;
30. оговарачи,клеветници,богомрасци,силеџии, фалбаџии, горди, измислувачи на зло, непослушни кон родителите,
31. неразумни,неверни,недружељубиви, непомирливи, немилостиви.
32. Тие, иако ја знаеја правдата Божја дека оние, што вршат такви дела, заслужуваат смрт, сепак не само што ги вршат, туку се благонаклони и кон оние што ги вршат.