Утре на личните трансакциски сметки на избраните и именувани функционери ќе им легнат априлските плати со 78 процентно покачување. Па така паричниците ќе им станат подебели на претседателите на државата, на Собранието на Владата, на министрите, пратениците, судиите, гувернерот и сите што влегуваат во функционерската фела, пренесува ТВ 24

Според податоците на официјалните институции и одлуката на уставен суд со коефициент 4,5 помножен со минатогодишната бруто-плата која изнесуваше 47 илјади денари, Пендаровски кој досега земал 92 илјади, со покачувањето на сметка ќе му легнуваат 165 илјади денари месечно односно со покачувањето од 1.500 евра сега платата му се пресметува на над 2.500 евра.

Претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Димитар Ковачевски ќе добијат зголемување на платата од 50 евра повеќе за секој работен ден. Премиерот Ковачевски ќе зема плата од 156.482 денари, а претседателот на Собранието Џафери, највисока од сите, 166.207 денари. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ќе има плата од 153.037 денари, речиси иста како и на премиерот, со што ќе се додадат дополнителни 20 отсто за извршување на функцијата. Секоја наредна функција има нешто помал коефициент, но новите плати ќе изнесуваат над 2.000 до 2.500 евра. Вицепремиерите Грковска, Битиќи, Груби, Маричиќ и министерката за одбрана Петровска во џебовите ќе си ставаат по 35-40 евра повеќе за секој работен ден.

За месец април пораснаа платите и на претседателот на Уставниот суд и на потпретседателите на Собранието кои ќе се зголемат за плус 60 илјади денари. Со реакција и укажување до Владата се обрати и Светска банка која побара Владата да ја исправи одлуката за зголемување на платите на фунцкионерите од 78 отсто. Според нив во време на криза, тоа да се случува не е во ред.