Три лица се приведени попладнево откако го нарушиле јавниот ред и мир на манифестацијата поврзана со вежбата „Одлучен удар“, што се одржа во центарот на Скопје, соопшти МВР.
Според МВР се работи за Н.О, М.Т и Д.Д. Тие ја „попречувале полицијата во извршување службени дејства за време на настанот, не почитувајќи наредба на полициски службеници“.
-Лицата се приведени и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, велат од МВР, пренесе МИА.
Меѓу уапсените е и мајката на Пино, чие тело неодамна беше откриено кај Љуботен.
Како една од причините за нејзиното пpивeдyвaњe е тоа што таа не нoceла со себе документи за лична идентификација, па со полициcкo комбе била пренесена во полициската станица Беко.
Од тоа што го изјави Трпковска за Инфомакс, таа не сторила ништо лошо. Го извикувала името Македонија на плоштадот во Скопје, а на себе носела маичка со сонцето од Кутлеш.