Човек на ДУИ, поранешен функционер на повеќе државни функции во Македонија, ја пробил акцијата на МВР, којашто почна вчера (недела) и сè уште трае ноќва.
Станува збор за акција на МВР за разбивање насилни криминални групи во Скопје и во други градови во земјата.
Поранешниот функционер на ДУИ лиферувал критични информации за акцијата планирана за во вторник, па поради тоа таа морала да почне во неделата во вечерните часови.
И покрај тоа, во акцијата, во која се таргетирани криминални групи главно од Арачиново, Дуќанџик и од Грчец, веќе има уапсени, а дел од нив признале тешки кривични дела, меѓу кои и убиства.
Според сознанија на Плусинфо. поранешниот функционер од ДУИ, кој пренел информации во криминалните кругови, исто така ќе биде опфатен со акцијата на МВР.
Како што објавивме и вчера имаше акција на МВР во која беа уапсени 4 лица осомничени за загрозување на безбеедноста во Македонија.