Венецуелски судија издаде налог за апсење на опозицискиот кандидат за претседател Едмундо Гонзалес, под обвиненија кои вклучуваат узурпација на власт, поттикнување на бунт, заговор и саботажа, пренесува ДПА.
Налогот е издаден од судија кој води случаи поврзани со тероризам, на барање на Обвинителството. Овој потег следи по немирите предизвикани од оспорените претседателски избори во Венецуела.
Претходно, венецуелското обвинителство објави дека против Едмундо Гонзалес и опозицискиот лидер Марија Корина Мачадо се водат истраги по обвиненија за узурпација на службена позиција и поттикнување на бунт.
Централната изборна комисија, лојална на владата, го прогласи Николас Мадуро, кој е на власт од 2013 година, за победник на претседателските избори на 28 јули. Сепак, комисијата сѐ уште не ги објавила деталните резултати.
Опозицијата ја обвинува владата за изборни измами и тврди дека Гонзалес ги добил изборите.
Неколку држави, меѓу кои САД, Перу, Аргентина, Еквадор, Панама, Уругвај и Костарика, го признаа Гонзалес како вистинскиот победник, укажувајќи на изборни измами. ЕУ и Организацијата на американските држави истого доведоа во прашање изборните резултати.
фото: архива