Во истрагата против поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц, што државното обвинителство ја отвори заради корупција и поткуп кон агенција за истражување на јавното мнение во корист на неговата партија ОВП, денеска е упасена првата „крупна риба“ – истражувачката на јавното мислење Забина Бајншаб.
Некогашната асистентка на поранешната министерка Софи Карманис е обвинета за фалсификување на истражувањата во корист на владејачката Народна партија на Австрија (ОВП) , а потоа истиот материјал за пари го објавувала во бесплатен весник.
Весникот „Кронен цајтунг“ пишува дека Бејншаб е уапсена, и дека таа е клучна фигура во аферата околу Курц во врска со лажните анкети на јавното мислење.
Во нејзините истражувања Курц секогаш бил позитивно прикажуван, додека неговиот противник во борбата за функцијата шеф на партијата, Рајнхолд Митерленер, бил прикажан негативно.
Истражните органи одлучија за предвремено апсење поради опасност од прикривање на доказите, бидејќи Бејнсшаб, непосредно пред претресот во нејзиниот стан, го избришала хард дискот од нејзиниот компјутер.
Апсењето дојде точно на денот кога првите истраги по падот на Курц покажаа драматичен пад на ОВП.