Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтерова скала попладнево околу 12.30 часот по локално време го погоди морскиот дел југоисточно од грчкиот остров Крит, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

Засега нема информации за повредени граѓани и причинета материјална штета.