Неофицијално дознаваме дека од страна на Финансиската полиција е уапсен конзул на странска држава и директори од РЕК, и дека станува збор за Борче Марковски кој ја води компанијата Марковски, објави Курир.
Финансиската полиција постапувала по сомнение за местење на тендер со кој од државниот буџет се испумпани околу 100.000.000 денари
Претходно оваа компанија беше посочувана за една од најомилените на минатата влада.
Тогаш на прес конференции беше обвинето дека омилената фирма на власта ќе заработува 63 илјади евра на ден од само 10 булдожери во РЕК Битола. Власта на СДСМ и ДУИ ангажирала приватни булдожери, кои граѓаните ќе ги чинат над 16.000 денари за само еден час работа.
Овој договор чини неверојатни 16.253 денари по час и значи дека Марковски Компани за само еден ден од РЕК Битола ќе наплаќа 6.300 евра, или за сите 10 булдожери ќе наплаќа 63.000 евра.
Марковски за две години имаат заработено 200 милиони евра од државата.