Кувајтските жени се лути на одлуката на војската, околу потребната дозвола од машко лице, за да се вклучат женски војници во борбени улоги, а и им се забрани да носат оружје.
Активисти ја опишаа одлуката како „еден чекор напред, два назад“. Покрај тоа, Министерството за одбрана одлучи и жените во армијата, за разлика од цивилите, да мора да носат шамии за покривање на главите.
Министерството во октомври им дозволи на жените да се вклучат во борбени улоги. Но, потоа беа наметнати ограничувања, откако министерот беше критикуван од страна на конзервативниот пратеник Хамдан ал-Азми.
Според Азми, жените во борбени улоги – „не се совпаѓа со женската природа“.
Кувајтските жени добија право да гласаат во 2005 година. Оттогаш се активни и во кабинетот и во Парламентот, иако ги има малку и на двете места.
Месецов, десетици жени од Кувајт протестираа против откажувањето на часови по јога за женски лица, бидејќи конзервативците ги сметале за „непристојни“.