Пратеникот од редовите на ДУИ Арбен Зибери е позитивен на коронавирусот и е сместен на Инфективна клиника, јавуваат повеќе медиуми.
Зибери е поранешен в.д. директор на Центарот за јавно здравје Скопје.
Арбен Зибери доби позитивен резултат од тестот за КОВИД19 вечерта кога се гласаше новата влада. Заради новата ситуација тој гласаше во посебни услови, а веста уште вечерта ја потврди претседателот на Собранието, Талат Џафери, при ставање на гласање на предлогот за новата Влада.
Првично, Талат Џафери тврдеше дека на Зибери само му е слошило, па затоа гласа под посебни услови поради внимателност.
Случајот со Зибери, кога за да се избере Владата мораше да се создаваат посебни услови, како и неговот сегашно сместување на Клиниката, покажува дека ова мнозинство не може да функционира бидејќи ќе биде речиси невозможно да обезбеди кворум за работа на Собранието од 61 пратеник, ако во тоа не помага опозицијата.
Вечра, пртеничката група на ДУИ ја напушти и Исмаил Јахоски кој се декларира како независен пратеник. Тоа не значи дека тој по автоматизам ќе биде против коалицијата СДСМ/ДУИ, но сепак, ситуацијата сега е различна.