Пратеникот од ДУИ Исмаил Јахоски попладнево преку писмено соопштение негира дека ја напуштил пратеничката група на ДУИ и додава дека на интернет страницата на Собранието е направена техничка грешка.

„Дозволете да ве информирам дека јас, Исмаил Јахоски, избран како пратеник во Собранието на Република Северна Македонија од листата на ДУИ, во ниту еден момент не сум ја напуштил парламентарната група, ниту, пак суштински се оддалечил од изборната политичка агенда на ДУИ“, наведува Јахоски.

Вчера на интернет страницата на Собр.анието се појави неговото име како независен пратеник